Промени тема
Контакт

Цените растат, Владата најави помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
17012022_VRSM_1vaSednica-3

Владата на Република Северна Македонија континуирано ја следи состојбата и со конкретни мерки делува за да се зачува стандардот на граѓаните. Во таа насока во текот на наредните неколку дена јавноста ќе биде информирана за новите пакет мерки за надминување на состојбата во економијата, а со цел да нема поголем ценовен шок на основните прехранбени производи и на енергенсите.

Владата со сите релевантни чинители, синдикати, комори, работодавачи во рамки на Економскиот совет, како и со надворешни експерти ќе дискутира за надминување на актуелната состојба во земјата, како последица на светските случувања кои се прелеваат и кај нас. Секој во својот домен ќе даде свој придонес во однос на согледувањето на состојбата кои би биле евентуално можни предлози и идеи за натамошни решенија.

Дополнително, Владата синоќа информираше и дека, нема да има промени на сметките за топлинска енергија за домаќинствата.

— реклама —

Со оваа владина одлука се прави измена на Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазар на топлинска енергија.

— реклама —

Со оваа измена се утврдува правен основ за преземање на мерка за финансиска поддршка која ќе им ја надомести разликата на цената на енергенси за топлинската енергија на снабдувачите со топлинска енергија за да се елиминира можноста разликата на цените да падне на товар на потрошувачите на топлинска енергија од категоријата домаќинства.

Мерките кои ќе бидат донесени и во следниот период се за зачувување на стандардот на граѓаните паралелно со растот на минималната плата од 18.000 денари, како и постигнатиот договор за историскиот раст на пензиите.

— реклама —

Владата со системски решенија се грижи за животниот стандард, особено за оние најранливите, како врвен приоритет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања