Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Центарот за јавно здравје во Велес и пунктот за брисеви работат непречено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
korona-1

Центарот за јавно здравје во Велес продолжува со нормална работа. Откако во дел од медиумите излегоа информации за наводно затворање на пунктот за земање брисеви и Центарот за јавно здравје во Велес, Министерството за здравство информира дека истиот продолжува со работа како и досега. Направена е ротација на кадри од другите одделенија, вклучително и лаборанти кои ќе ја покријат работата на пунктот за земање брисеви.

— реклама —

Во текот на утрешниот ден, ќе бидат направени епидемилиолошки анкети на вработените во ЦЈЗ Велес по што точно ќе се знае дали и колку од вработените ќе бидат во изолација. Дополнително, инспектори од Скопје и епдемиолози, ќе направат вонреден инспекциски надзор врз работата на велешкиот центар за јавно здравје за да се утврди дали се почитувани пртоколите или има некакви неправилности во постапувањето.

— реклама —

Во текот на денешниот ден се прават и ќе бидат завршени епидемиолоши анкети и на сите вработени од маркетот во Велес каде беа регистрирани лица позитивни на коронавирусот.

— реклама —

По добивањето на наодите, ДСЗИ доколку утвдри потреба ќе издаде решение за самоизолација, а согласно тоа колкав број на вработени ќе одат во изолација, ќе се донесе одлука дали маркетот ќе продолжи да работи или пак ќе биде затворен на одреден период.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања