Промени тема
Контакт

Центарот за ширење на паника и дезинформации се наоѓа на Илинденска, во владата, вели Муцунски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Mucunski

Се согласувам дека постојат центри кои имаат за цел да шират паника и дезинформации, но морам да констатирам дека тој центар веројатно се наоѓа на Булевар „Илинденска“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат М Телевизија.

„Ајде да ги споредиме изјавите кои што ги слушаме во последните денови. Претседателот на државата ни кажува дека уште од ноември постојат индиции преку кредибилни информации кои што сега се кажуваат дека ова што се случува ќе се случи. Истовремено претседателот на државата кажува дека сме побарале од Србија поддршка во пченка и пченица а претседателот на Србија го потврдува истото, министерот за локална самоуправа исто така вели дека Србија дала поддршка но ние не сме побарале. Спротивно на сето ова министерот за Економија кажува дека полни се стоковите резерви“, посочи Муцунски.

Муцунски потенцираше дека кај граѓаните има паника и страв за импликациите од оваа криза бидејќи се навикнати на Влада и институции кои што постојано ненавремено постапуваат, исто како што не постапуваа за најавите за енергетска криза и ненавремени реакции. Тогаш Бевме во ситуација каде што крадевме струја од европска мрежа. Се сеќаваме на состојбата со вакцини кога целиот свет набавуваше вакцини а ние бевме последни во светот.

— реклама —

Тој додаде дека стравот на граѓаните е во делот на полнењето на стоковите резерви, бидејќи ние навремено во делот на заштитата на економијата и стратешките интереси на граѓаните не сме постапиле како што треба.

„Како што знам веројатно не бил свикан советот за безбедност кога овие информации се добиени за нападот на Русија кон Украина, исто така ниту Собранието не е брифирано за тоа што ќе се случува на 1,500км од Македонија“, посочи Муцунски.

— реклама —

Муцунски посочи дека паниката доаѓа по тоа што граѓаните имаат Влада во моментот каде знаат дека во моментот не навремено постапува за решавање на проблемите со кои се соочува државата. Ние сме знаеле неколку месеци претходно а ништо не е направено во таа смисла.

— реклама —

Муцунски запраша дали се преземени некакви превентивни економски мерки за заштита на и така ослабената домашна економија од не навремените мерки во текот на Ковид кризата ?

„Ние како политичка партија во делот на економијата понудивме и пакет мерки бидејќи ние мораме да ја заштитиме ценовната стабилност и мораме да се бориме со инфлацијата за која не се преземаат никакви мерки и мораме покрај безбедноста да се грижиме за домашната економија“, заклучи Муцунски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања