Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Централен митинг на Пендаровски во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
1-2-2

Централниот митинг на кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, ќе се одржи денес во Скопје во 14 часот пред зградата на ЕУ Инфо Центар.

— реклама —

Поради тоа скопската сообраќајна полиција ќе воведе посебен сообраќаен режим на градските сообраќајници.

Поради маршот организиран од политичката партија СДСМ, чиј почеток е закажан за 12.30 часот, за сообраќај ќе бидат затворени улиците по кои ќе се одвива настанот.

— реклама —

Од МВР соопштуваат дека блокадата ќе почнува од Соборниот храм, потоа право по булеварот Партизански одреди, десно по улицата Васил Главинов, па лево по улицата Димитрие Чуповски и право до крстосницата помеѓу улицата 11 Октомври и булеварот Кочо Рацин.

Потоа, пред МТВ и МАНУ право по булеварот Крсте Петков Мисирков, право по булеварот Кочо Рацин до крстосницата со улицата 11 Октомври, како и пред Транспортен центар право по булеварот Кузман Јосифовски – Питу, лево по булеварот Кочо Рацин до крстосница со улицата 11 Октомври.

Исто така, ќе биде затворена делницата од Тутунскиот комбинат право по улицата 11 Октомври до крстосницата со булеварот Кочо Рацин, како и од крстосницата помеѓу булеварот Кочо Рацин и улицата Беласица право по булеварот Кочо Рацин, десно по улицата Свети Кирил и Методиј до седиштето на ЕУ, каде што во 14 часот ќе се одржи митинг.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања