Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

„Чесни и домаќини“, рече Бектеши за Слупчане каде се краде 80% струја, а се наплаќа 20%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Чесни и домаќини. Вака министерот за економија Крешник Бектеши ги опиша жителите на Слупчане, за каде, ЕВН тврди дека загубите на струја се 80 отсто, а наплатата е 20%. Министерот кажа дека не треба никој да се меша меѓу преговорите на ЕВН и Слупчане, чии жители побараа простување на долгови и сметки кои не смеат да надминат 3.000 денари месечно по семејство.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

„Да не даваме лажни информации дека одредени места крадат или злоупотребуваат електрична енергија. Да ја гледаме големата слика за намалување на загубите. Тие се чесни и домаќини, преземаат обврски и даваат придонес, поголем од ВМРО-ДПМНЕ. Поголеми патриоти се од нив…“, рече Бектеши.

— реклама —

— реклама —

Топката за струјата, Бектеши ја префрли кај ВМРО-ДПМНЕ и општините со кои раководат нивни градоначалници. Го интересира и: „Дополнително, да направат вештачење колку им коштаат сликите и лустерите во нивната бела палата и да направиме споредба колку може да биде загубата?“.

„Да проверат со нивните градоначалници и нивните директори во јавните претпријатија дали се уште злоупотребуваат со регулираниот пазар кои прават поголема штета отколку што може да направи одредено село или семејство“, рече Бектеши.

Им порача и да не се замараат со Слупчане.

— реклама —

„Ние пред една година кажавме како се злоупотребува регулираниот пазар кој и сега има голема разлика во цената со слободниот пазар. Комунална дејност согласно Законот за комунална дејност се обврска на општината а тоа не може да се префрли со одлука на Советот на фирми кои тие ги основаат, кои се под 50 вработени и да плаќаат како секое домаќинство. Тоа е поголема злоупотреба и во сума на пари но и законска од тоа што лиферуваат и изнесуваат лажни вести. Проверете дали злоупотребуваат уште енергија или не, а не да се замараат со разговори на приватни фирми со нивни потрошувачи“, додаде Бектеши.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања