Честитка на градоначалникот Георгиески за Божик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bozik

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитки до православните христијани по повод најголемиот христијански празник, рождество господово –Божиќ.

— реклама —

– Упатувам  најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник- Божиќ.  Ова е најрадосниот ден  меѓу христијаните, денот кога секој од нас во кругот на нашите семејства најмногу треба да се радува и да биде со Бога. Нека празникот ви дарува полно срце, чиста мисла  и бистар ум. Бидете среќни, а душата и срцето нека ви бидат исполнети со топлина и милост . Во мир и хармонија со  најблиските да го пречекаме празникот и пораките кои тој ни ги носи, да правиме добри дела, да имаме разбирање и да бидеме љубезни еден кон друг.

— реклама —

Градејќи заедница  врз вистинска божја љубов со која сме ги негувале највисоките духовни вредности, продолжуваме  заеднички да реализираме проекти кои се за доброто на сите нас .

— реклама —

Со желба за здравје и благосостојба што ќе траат во целата година, ви го честитам овој голем христијански празник.  – стои во честитката на градоначалникот Георгиески.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 10 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања