Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Честитка на градоначалникот Кирил Пецаков за 23 октомври

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
Pecakov

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка по повод одбележувањето на државниот празник 23 Oктомври – Денот на македонската револуционерна борба.

— реклама —

Почитувани сограѓани,

— реклама —

Одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба е празнување на идејата за самостојна и независна Република Македонија. Највозвишена цел на еден народ е да создаде своја држава. Само оние народи кои формирале своја држава ја реализирале слободата со тоа што станале самодоволни. 23 Октомври 1893 година е клучен момент во македонската револуционерна борба за остварување на таа возвишена цел. Овој ден е паметник за шестемина македонски патриоти Хаџи Николов, Поп Арсов, Груев, Татарчев, Димитров и Батанџиев кои се здружија со визијата за слободна Македонија, со што ја втемелија желбата за независна држава која ќе ги сплоти сите под едно знаме, во една земја, под едно име – Македонија.

Патот до слободата што го започнаа шестемина родољуби, го продолжија илинденците и асномците остваруваjќи го вековниот стремеж за сопствена, суверена и демократска држава. Тој пат го продолжува и нашата генерација целејќи кон европска и просперитетна држава, економски стабилна, совршен дом за нашите деца кои својата иднина ќе ја градат тука.

— реклама —

Нека ни е вечен Денот на македонската револуционерна борба!

— реклама —

Да живее Република Македонија!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања