Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Честитка на Кирацовски за Националниот ден на Власите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Kiracovski-Cestitka

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски по повод Националниот ден на Власите - 23 Мај, упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница во која меѓудругото се вели:

— реклама —

„Почитувани сограѓани, припадници на влашката етничка заедница ми претставува особена чест да ви го честитам Националниот ден на Власите  со желба за добро здравје, љубов и среќа во Вашите семејства.

— реклама —

На овој ден  ја одбележуваме  посебноста на Власите  како дел од нашето мултиетничко општество и почитта кон влашката традиција, култура и историска посебност. Во мултиетничка држава како нашата од особено значење е меѓусебното разбирање и почитување помеѓу различните етнички заедници кои воедно претставуваат огромно богатство од култура , обичаи и различности кои  нè поврзуваат и нè прават посилни.

— реклама —

Наша цел е и понатаму да го унапредуваме концептот на едно општество за сите, бидејќи тоа ни дава сигурност кон патот на просперитет и интеграција на нашата татковина.

— реклама —

Честитајќи ви го денешниот празник, упатувам и искрена надеж за продолжување на заедничката  мисија за градење на просперитетна, современа и демократска Република Северна Македонија и обезбедување на подобра иднина на сегашните и идни генерации“, стои во честитката на Кирацовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања