Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Честитка од Џафери по повод 9 Октомври, еврејскиот празник - Јом Кипур

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
evrei

Честитка од претседателот Џафери по повод 9 Октомври, еврејскиот празник - Јом Кипур. Во честитката се вели:

„Почитувани сограѓани, членови на еврејската заедница во Република Северна Македонија.

— реклама —

Би сакал од свое лично име, и од името на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија искрено да ви го честитам 9 Октомври, еврејскиот празник - Јом Кипур.

— реклама —

На овој ден, кој е празник на проштевањето, упатувам искрени честитки со добри мисли и убави желби за здравје, благосостојба, семеен мир и радости. Но најмногу од сѐ, Ви посакувам длабоко во себе да го чувствувате мирот и спокојството  кои ги носи проштевањето со себе. Човечкото битие не е совршено и понекогаш греши, меѓутоа човечката големина се гледа во проштевањето и ширењето на позитивните вредности како љубов, меѓусебно разбирање, почит и толеранција.

— реклама —

Како претседател на Собранието на Република Северна Македонија, сакам да искажам почит кон еврејската заедница, која заедно со сите други заедници, значително придонесува во општествениот живот и развој на државата и во оваа убава празнична прилика, искажувам искрени желби за стабилна, напредна држава, дом на сите граѓани во кој е најважен добриот и квалитетен живот за сите.

Драги сограѓани, дозволете уште еднаш да речам - Честит празник и за многу години“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања