Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Честитка од Џафери за Денот на сесловенските просветители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, да Ви го честитам денешниот празник - Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

Денешниот ден се празнува за да се искаже почит кон делото на словенските просветители кои историјата ги запиша како основоположници на словенската книжевност и писменост. Нивната работа е капитално дело во развојот на словенската култура и описменувањето, тие го дале дарот на зборот и писмото и тоа ги прави повеќе од достојни за прослава на нивното име и дело. Нивниот придонес е и придонес во светската култура.

— реклама —

Како претседател на Собранието, горд сум што во законодавниот дом имаме голема почит кон различните култури и религии, уверени дека тие се само дополнителна вредност во ова општество. Да продолжиме заедно на овој пат, негувајќи го ова богатството.

— реклама —

Дозволете уште еднаш да Ви го честитам празникот - Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и да посакам и патот на нашата земја да биде светол како што е и нивното дело.

— реклама —

Нека е честит празникот!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања