Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Честитка од Пендаровски по повод 21 декември - Денот на наставата на турски јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 21 декември - Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Северна Македонија.

Почитувани припадници на турската заедница,

Како Претседател на Република Северна Македонија задоволство ми е на сите припадници на турската заедница во Северна Македонија да им го честитам 21 декември – Денот на наставата на турски јазик.

— реклама —

Клучно за развојот на една заедница е правото на квалитетно и функционално образование на мајчин јазик. Државата не смее да прави компромиси и импровизации кога станува збор за ова суштинско прашање кое е толку важно за зачувување на културата и традицијата на помалубројните етнички заедници. И покрај предизвиците во реализацијата на ова право, Северна Македонија е горда што етничките заедници веќе подолго време можат да го користат правото на настава на свој мајчин јазик. Верувам дека секој човек од секоја заедница е подеднакво важен за оваа држава која е заеднички дом за сите нас. Секој човек и секоја заедница, вклучително и турската заедница, е дел од нашиот богат мозаик. Турците од Северна Македонија со своите автентични локални традиции и со својата богата литература и уметност го збогатуваат културниот и општествениот живот на нашата заедничка држава.

Во ова светло, 21 декември – Денот на наставата на турски јазик е еден од оние празници што не потсетуваат за нашето огромно јазично и културно богатство, но и на нашата одговорност истото соодветно да го чуваме, унапредуваме и промовираме за оваа и за идните генерации. Ние немаме друга алтернатива освен градење на едно општество за сите, во кое сите ќе имаат еднаква шанса за просперитет.

— реклама —

Честит 21 декември, Ден на наставата на турски јазик!

Стево Пендаровски

— реклама —

Претседател на Република Северна Македонија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања