Промени тема
Контакт

Честитка од Пендаровски по повод 23 Октомври - Денот на Mакедонската револуционерна борба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври - Денот на Mакедонската револуционерна борба.

— реклама —

Почитувани сограѓани,

 

— реклама —

Дозволете да ви го честитам 23 Октомври ‒ Денот на Македонската револуционерна борба. Пред 126 години со формирањето на Македонската револуционерна организација беа удрени темелите на организираната револуционерна борба за слобода и за создавање независна македонска држава. Беа потребни години на непрекината борба, страдања, хероизам и непокор, беа потребни Илинден 1903 и АСНОМ 1944, Референдумот на 8 септември 1991 за конечно да создадеме држава. Ние, денешните генерации, ги уживаме резултатите  на револуционерната борба ‒ живееме во слобода, во своја самостојна држава.

 Почитувани,

— реклама —

 Секое време носи можности и искушенија. Секоја генерација има свои предизвици и цели. Нашиот предизвик е да ја направиме Република Северна Македонија просперитетна и почитувана, демократска и модерна. За тоа ни треба толеранција во меѓусебните односи, почит за другите, одговорност кон заедницата, грижа за животната средина и помагањето на ближните. Ни треба сплотеност без разлика на етничка, верска, политичка или каква било припадност. Не смеат да нè обесхрабруваат никакви пречки и премрежија. Го знаеме својот пат и на тој пат продолжуваме заедно.

 Нека ни е честит 23 Oктомври!

— реклама —

 Стево Пендаровски

 Претседател на Република Северна Македонија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања