Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Честитка од Претседател на ВМРО-ДПМНЕ до верниците муслимани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
clipboard01-620x350-1

Почитувани верници од исламска вероисповед,

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам големиот верски празник Рамазан Бајрам.

— реклама —

Денешниот празничен ден  претставува радост, но воедно  промовира моменти на хуманост, солидарност и меѓусебно почитување. Овие вредности кои се втемелени во традицијата треба да помогнат во градење и зацврстување на соживотот и толеранцијата како основа за благосостојбата во нашето општество.

— реклама —

Само сплотени и обединети можеме да се спротивставиме на предизвиците, да ги решаваме проблемите и да  изградиме успешна држава  и просперитетна  иднина за нас и нашите идни генерации.

— реклама —

Сите граѓани го споделуваат тешкиот живот. Сведоци сме како се разочарани очекувањата на луѓето, како наместо вистински проекти и решенија добиваат нереален романтизам кој не носи подобар живот. Тие се злоупотребуваат од неодговорните политичари и не носат иднина. Иако од различни заедници и вери граѓаните имаат исти проблеми, а за нивно решавање не е е потребен романтизам туку работа, многу работа. Секојдневието полно со криминал, корупција и лош стандард еднакво ги засега сите граѓани.

Затоа во овие тешки моменти и премрежија со кои се соочува Република Македонија потребно е да се почитуваме, помагаме и негуваме подобри односи со блиските и пријателите, за да можеме да се посветиме на создавање праведна, напредна и  почитувана држава на среќни граѓани.

Нека  овие празнични мигови во денешниот ден донесат мир, радост и хармонија, но воедно и среќа и благосостојба  кои ќе ве следат целиот живот,  Вас и вашите семејства.

 

Со почит,

Христијан Мицкоски,

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања