Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Честитка од претседателот Џафери по повод 11 Октомври

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Честитка од претседателот Џафери по повод 11 Октомври. Во честитката се вели:

Почитувани граѓани на Република Северна Македонија,

— реклама —

Дозволете од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, да Ви го честитам државниот празник 11 Октомври, Денот на народното востание.

— реклама —

Ова е ден со кој се обележува почетокот на одлучната борба против фашизмот - најголемото зло во историјата, и почетокот на решителната борба за слобода и достоинство, со што била дадена поддршка и помош за победата на доброто врз злото во Втората светска војна. Денешниот празник е значаен ден во историјата на државата и јас посакувам сите да го одбележиме достоинствено и во големо празнично расположение.

— реклама —

Борбите на народите се менуваат низ годините, начините на борба исто така се менуваат согласно со современите предизвици што ги носи брзиот технолошки развој. Меѓутоа, едно остануваа исто засекогаш а тоа е, никогаш да не заборавиме да бидеме на вистинската, исправна страна, односно да се бориме за достоинствен и еднакво добар и квалитетен живот за сите. Заедно да го изодиме патот на евроатланската интеграција и да градиме стабилна и сигурна иднина за идните генерации во држава која ќе биде пример за успех во историјата.

Дозволете уште еднаш да Ви го честитам државниот празник 11 Октомври и да Ви посакам убав празничен ден во кругот на вашите најблиски, се вели во честитката од Талат Џафери.

 

                                                                      

                                                                               

                                         

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања