Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Честитка од претседателот Џафери по повод 11 Октомври, Денот на народното востание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Почитувани граѓани на Република Северна Македонија,

— реклама —

Дозволете од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, да Ви го честитам државниот празник 11 Октомври, Денот на народното востание.

— реклама —

Ова е ден со кој се обележува почетокот на одлучната борба против фашизмот - најголемото зло во историјата, и почетокот на решителната борба за слобода и достоинство, со што била дадена поддршка и помош за победата на доброто врз злото во Втората светска војна. Денешниот празник е значаен ден во историјата на државата и јас посакувам сите да го одбележиме достоинствено и во големо празнично расположение.

— реклама —

Борбите на народите се менуваат низ годините, начините на борба исто така се менуваат согласно со современите предизвици што ги носи брзиот технолошки развој. Меѓутоа, едно остануваа исто засекогаш а тоа е, никогаш да не заборавиме да бидеме на вистинската, исправна страна, односно да се бориме за достоинствен и еднакво добар и квалитетен живот за сите. Заедно да го изодиме патот на евроатланската интеграција и да градиме стабилна и сигурна иднина за идните генерации во држава која ќе биде пример за успех во историјата.

— реклама —

Дозволете уште еднаш да Ви го честитам државниот празник 11 Октомври и да Ви посакам убав празничен ден во кругот на вашите најблиски, се вели во честитката на Арбен Џафери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања