Во честитката од Џафери се вели:
Ми претставува голема чест и задоволство да од мое лично име и од име на Собранието на Република Северна Македонија, на сите верници кои денес го слават големиот празник Фитер Бајрам кој што е круна на светиот месец Рамазан, да им упатам искрени честитки за добро здравје, бериќет и мир во душите и домовите. Се надевам дека овој Бајрам кој што како и претходно месецот на пост и солидарност го прославуваме на невообичаен начин, далеку од верските храмови, сепак блиску до нашите најдраги и најблиски членови на семејството, ќе ни донесе искрени и убави мисли упатени до целото човештво за што побрзо и побезболно пребродување на овој предизвик кој што како што реков и во претходната Рамазанска честитка, не бира ниту вера, ниту нација, ниту богати или сиромашни, мажи или жени. Нека даровите на Рамазан Бајрам, солидарноста, взаемната почит и разбирање, милоста и опростувањето бидат дарови кои ќе го збогатуваат нашето секојдневие.Почитувани граѓани, припадници на исламската вероисповед,
Почитувани мои, имајте верба, имајте трпение, бидете силни и останете дома со своите блиски. Верата се носи во срцето а домот е вашиот храм, нека е честит Фитер Бајрам!
За многу години, се вели во честитката од Џафери.
фото: Архива