„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Честитка од претседателот на САД, Доналд Трамп, по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
tramp

— реклама —

По повод 8 Септември, Денот на независноста, писмo со честиткa до претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски упати претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

— реклама —

 Во писмото се вели дека претседателот Трамп и американските граѓани заеднички упатуваат срдечни честитки до претседателот Пендаровски и граѓаните на Северна Македонија, по повод 28-та годишнина од нашата независност.

 „Ви честитам за континуираното спроведување на историскиот Договор од Преспа, кој носи поголема безбедност и просперитет за граѓаните на Северна Македонија. Посветеноста на вашата земја на демократските принципи, владеењето на правото и отчетноста на владата се за пофалба. Соединетите Американски Држави силно ја поддржуваат Северна Македонија на нејзиниот пат кон членството во НАТО, и со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата соработка во унапредувањето на мирот, просперитетот и стабилноста во регионот“, стои во писмото на претседателот Трамп до претседателот Пендаровски.

 Честитки до претседателот Пендаровски по повод 8 Септември, Денот на независноста, испратија и претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, шефови на држави-членки на Европската унија, како и од регионот и од соседството.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања