Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Честитка од претседателот на собранието Талат Џафери по повод Рамазан Бајрам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Почитувани граѓани, припадници на исламската вероисповед,

Дозволете ми, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име, да Ви го честитам големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

— реклама —

По завршувањето на триесетдневниот рамазански пост, месец посветен на милоста, љубовта и простувањето, го дочекавме и големиот празник Рамазан Бајрам.

— реклама —

Празниците се посебни денови кои носат во себе посебна убавина, ја охрабруваат меѓусебната почит, ја зголемуваат радоста и убавината на животот, споделувањето со семејството, со ближните и со сите околу нас. Како човечки битија, благословени сме со сите човечки вредности и особини кои ни овозможуваат да го споделиме со сите она што можеме и знаеме и затоа ви посакувам во овие празнични денови да споделите колку можете со сите кои ве опкружуваат. Тоа ќе не исполни со убава и позитивна енергија, ќе не направи подобри луѓе, за нас самите, за нашите блиски и за нашата држава. Ви посакувам низ животот да ве води добрата мисла и взаемна почит а домовите да ви бидат исполнети со радост и смеа, благосостојба, напредок и успех на секое животно поле.

— реклама —

Почитувани граѓани, дозволете уште еднаш да Ви го честитам Рамазан Бајрам, да ви посакам убави празнични денови исполнети со спокој и радост за Вас и Вашите најблиски.

Нека е честит празникот!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања