Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука, упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Северна Македонија.

 Почитувани сограѓани,

 Создавањето на азбуката и кодифицирањето на еден јазик е еден од најзначајните чекори на самоидентификација на еден народ. 22 Ноември е значаен ден за албанскиот народ, но и за цела Република Северна Македонија, бидејќи на овој датум во 1908 година, албанските интелектуалци на конгресот во Битола донесоа одлука за унифицирање на албанската азбука. Со ова практично се поттикна политичкото, културното и образовното издигнување на Албанците.

 Прославувајќи го овој празник, ние како современо, мултиетничко и мултикултурно општество, ги потврдуваме нашите заложби за градење на едно општество за сите и подобра и посветла иднина за секој наш граѓанин. Почитувањето и вреднувањето на меѓусебните разлики е она што нè зближува, обединува и нè прави единствени во справувањето со предизвиците.

— реклама —

 Затоа, во оваа прилика, сакам на албанската етничка заедница да ѝ го честитам Денот на азбуката, а на сите граѓани на Република Северна Македонија да им порачам дека вистинскиот пат на градење на европска држава се почитта, соработката и заедништвото.

 Нека ни е честит 22 Ноември, Денот на албанската азбука.

— реклама —

 Стево Пендаровски

Претседател на Република Северна Македонија

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања