Промени тема
Контакт

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pendarovski

Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите ‒ 8 Април, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија.

Почитувани сограѓани,

Најсрдечно ви го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, еден од најзначајните датуми во ромската историја кога на Првиот ромски конгрес во 1971 година во Лондон, ромските активисти од Европа го потврдиле ромското знаме, химна, јазик, култура и ромскиот идентитет на повеќе од 12 милиони Роми во Европа. Горди сме на вашиот придонес во градењето на мултикултурниот мозаик на нашата заедничка татковина.

— реклама —

Драги сограѓани,

Пред нас претстои помалку од една деценија за спроведување на новата Стратегија за инклузија на Ромите во која наша заедничка задача е да создадеме инклузивно општество преку остварување на конкретни резултати во областа на образованието, вработувањето, домувањето, здравството, културата, борбата против дискриминацијата и намалувањето на сиромаштијата. Во овие кризни периоди од здравствен и економски аспект потребно е сите засегнати страни соодветно да ги искористиме капацитетите, ресурсите и надлежностите за да ги надминеме диспропорционалните разлики и децениските проблеми, како предуслов за просперитетна и сигурна иднина.

— реклама —

Од исклучителна важност е учеството на ромската заедница како и сите останати заедници, во општествениот, политичкиот и културниот живот на државата. Да продолжиме заеднички да градиме соживот во духот на взаемната почит, солидарноста и пријателството.

— реклама —

Нека ни е честит 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите!

Bahtalo о 8. April sa e Romenge!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања