Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
stevo-770x437

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на Бошњачката заедница во Република Северна Македонија.

— реклама —

— реклама —

 Почитувани сограѓани,

— реклама —

 Нека ни е честит 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците. Со особена гордост го празнуваме овој значаен ден водејќи сметка за историјата, културата и за традициите на бошњачкиот етникум кој е нераскинлив дел од нашето мултикултурно општество. Сите ние, поединечно, без разлика на која етничка група или религија припаѓаме сме одговорни да ги негуваме почитта и меѓусебното разбирање, потврдувајќи дека нашата држава и понатаму е пример дека различностите се најголемо богатство.

 Почитувани припадници на Бошњачката заедница,

 Република Северна Македонија, како наш заеднички дом, заслужува да биде развиена и модерна европска држава, заедница на среќни граѓани. Затоа ве повикувам како и досега, да продолжиме посветено да градиме општество еднакво за сите и заедно да работиме за подобра и посветла иднина. Тоа си го должиме себеси и на генерациите што следат. Верувам дека заедно можеме да ја оствариме визијата за стабилна и просперитетна Република Северна Македонија.

 Дозволете, уште еднаш, да ви го честитам 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците и да ви посакам многу здравје, среќа и бериќет.

 

 

Стево Пендаровски

Претседател на Република Северна Македонија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања