Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Сава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
stevo-770x437

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Северна Македонија.

Почитувани,

Дозволете да ви го честитам Свети Сава ‒ Националниот ден на Србите во Република Северна Македонија и да ви посакам празникот да го поминете во мир, радост, среќа и благосостојба. Со својата духовна и просветителска дејност, Свети Сава остави трајно наследство меѓу својот српски народ, но се здоби со почит и слава меѓу сите христијани на Балканскиот Полуостров. Неговото житие е пример за верба, посветеност и истрајност од кој генерации и генерации негови следбеници наоѓаат инспирација за исполнет и достоинствен живот. 

— реклама —

Вие, припадниците на српската заедница, со своите традиции и обичаи, историја и култура сте неотуѓив сегмент од севкупното културно и општествено живеење во нашата земја. Ја користам оваа честитка да ви се заблагодарам за сиот придонес во градењето на меѓусебно разбирање и соживот како влог во изградбата на модерна и просперитетна Република Северна Македонија. Да продолжиме максимално да работиме на развојот на нашата заедничка татковина и благосостојбата на сите нејзини граѓани.

— реклама —

Нека е честит 27 јануари, Денот на Свети Сава.

Стево Пендаровски

— реклама —

Претседател на Република Северна Македонија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања