Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Сава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Foto-3

Претседателот Стево Пендаровски по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Северна Македонија.

— реклама —

Почитувани сограѓани од српската заедница,

Дозволете во мое лично име и во името на сите граѓани на Република Северна Македонија најсрдечно да ви го честитам националниот ден на Србите во Република Северна Македонија - Свети Сава и да ви посакам големиот празник да го поминете во хармонија, радост и среќа.

— реклама —

Празнувањето на духовникот Свети Сава е дополнителен мост за наше културно поврзување со соседна Република Србија, но и особено значаен дел од мозаикот на македонското мултикултурно и мултиетничко општество.

— реклама —

Би сакал во оваа прилика да им се заблагодарам на сите припадници на српската заедница во Република Северна Македонија за нивниот придонес во сите сфери на општественото живеење и во градењето на демократска, просперитетна и заедничка татковина на сите.

Нека е честит 27 јануари, денот на Свети Сава.

— реклама —

Стево Пендаровски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања