Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Честитка по повод Илинден од претседателот на ГДУ-Петар Колев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
116871588_299161314531252_6671696373804482479_n

Честитка од Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ. Во честитката се вели:

-Чекор по чекор, со многу жртви и пролеана крв, со многу истрајност, но и неуспеси, разочарувања и предавства, нашите предци успеаја да го реализираат сонот за Македонска држава.

— реклама —

Почнувајќи од идејата за автономија, како рефлексија на Берлинскиот договор, минувајќи низ голготата на востанието, пожарите и бегалците, преку двете Балкански војни и нивните катастрофални последици, преку Првата светска војна, идејата за самостојна држава (Македонија на Македонците), преку атентатите и теророт, Втората светска војна и нејзиниот пустош и тоталната светска трагедија, преку Југославија и нејзиниот крвав распад, денес ние живееме во сопствена држава.

Зависно од времето, условите и можностите, нашите предци секогаш наоѓале начин да останат посветени на идејата за Македонија и вековниот сон кој денеска е наша реалност.

— реклама —

Можеби точно денеска е убаво да се запрашаме дали ние сме достојни нивни наследници? Што направивме со Македонија?

Дали е нормално во мирно време и без војни да имаме повеќе „бегалци" отколку по време на востанија и војни?

— реклама —

Дали е нормално нашите деца и внуци да ги гледаме преку камери, нашите баби и дедовци да живеат со тие мизерни пензии од 10-12-15000 денари кои не им стигнуваат за лекарства а камоли за нешто друго, да имаме најлош образовен, но и здравствен систем во Европа, а корупцијата и криминалот да се повод за гордост (се снашол човекот).

Доблеста, честа и идејата на нашите предци е нешто со кое  ние се гордееме денес, но со што од она што ќе го оставиме после нас ќе се гордеат нашите наследници утре?

— реклама —

Да ни е за многу години Илинден!

Илинден бабо Илинден, за нас бабо ВЕЛИГДЕН!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања