Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Честитки: На местото на „Треска“ место 12.500 ќе има над 33.000 жители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје


— реклама —

Згасна и последната надеж на жителите на Центар за спречување на бетонизацијата на местото на поранешната фабрика „Треска“ оти Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на важечкиот урбанистички план кој предвидува изградба на згради- наполитанки и има низа неусогласености со Генералниот урбанистички план за Скопје.  Граѓаните и експертите имаа низа забелешки за планот, но без оглед на тоа неговата реализација почна и веќе се изведуваат првите згради.

— реклама —


— реклама —

Од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ кои заедно со адвокатката Сузана Јошевска ја поведоа иницијативата пред Уставен суд, сега велат дека случајот на „Треска“ покажа дека Устав се менува, но ДУП никако.


„’Треска’ тресна на Уставен! Уставниот суд, без расправа и повикување експерти, ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на планот за Буњаковец, во кој спаѓа и просторот на ‘Треска’. За жал се потврди правилото ‘Устав може да се смени, ама ДУП никако’. На здравје нека се во Буњаковец:


⚫ над 1 милион квадратни метри бруто изградена површина за домување наместо 400.000 што ги дозволува ГУП-от.


⚫️ над 60% изграденост за домување наместо 22% колку што дозволува ГУП-от


⚫️ над 33.000 жители наместо 12.500 колку што дозволува ГУП-от.


⚫️ над 9.300 просечен број на семејства наместо 3.400 колку што дозволува ГУП-от.


⚫️ 0.36 квадратен метар зеленило по жител или ич.


⚫️густина на изграденост со планираните висини со кои не се обезбедува минимален стандард за нормално хумано живеење или доволна аерација и минимални 2 часа осонченост.


⚫️уште подолги листи за чекање за запишување во градинка, училишта…


На здравје нека се ‘наполитанките’“, реагираат од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“.


Иницијативата за преиспитување на планот беше поднесена во јули годинава кога веќе беше извесно дека дел од зградите се изградат, а целта беше да се запрат оние објекти кои се уште немаат одобренија за градење, а се предвидени во планот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања