Четири деца, без струја и влага - на кумановчанец му треба наша помош бидејќи државата не го ферма

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
received_588650241790479-696x928

Ниту еден денар, ниту еден повик од било која институција, општествено одговорна фирма или пак од некој хуман човек. Ништо, како да не постоиме, како моите деца да не се деца, како да не сме луѓе – вака за ,,Фокус” раскажува Денис Василевски од Куманово, чиј апел за помош го објавивме пред околу три недели.

— реклама —

Тој живее со сопругата и со четирите деца, од кои две се со попреченост, во доста лоши услови, без струја и вода веќе три години, а неодамна поради кризата со корона вирусот, останал и без работа.

Живееле со околу 200 евра месечно, помош која ја добивале од државата, 8.000 денари за трето дете и околу 4.400 денари нега за 13-годишниот син кој има церебрална парализа.

— реклама —

-Откако јавно се обратив за помош преку вашиот медиум, очекував дека барем институциите ќе се заинтересираат, дека ќе дојде некој да види како живееме. На свеќи, без вода, без струја, нека дојдат и телевизиски екипи, нека снимаат… Ниту еден телефонски повик од никого не добив, ниту еден денар на сметка… Барем да се реши проблемот со струјата и водата, да ни се донира некој стар мебел, апарати за домаќинство, ништо немаме, појаснува Василевски.

За помош на ова кумановско семејство може да се донира на следната сметка: Сабина Василевска 200 002545685937 Стопанска банка, со назнака донација.

Број за контакт: 077 854 865.

Целата сторија прочитајте ја на Фокус.мк.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања