„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Четири години од смртта на Есма: Пропаѓа ограбената куќа која треба да биде музеј

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

И по четири години од смртта на кралицата на ромската музика, Есма Реџепова-Теодосиевска, нејзината куќа во близина на скопското Кале пропаѓа. По неколкуте грабежи, во неа релиси и да нема останато ништо од личните работи на Есма и Стево. Есма со тестамент куќата ја остави на државата Македонија, со желба таа да биде музеј или спомен-место каде што луѓето ќе се сеќаваат на неа и нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски. За имотот, четврта година се води и спор во судовите. На годишнината од нејзината смрт, нејзиниот посвоен син Симеон Атанасов за „А1он“ вели дека Есма никогаш не помислила дека нејзината куќа ќе биде во ваква состојба. Од Министерството за култура велат дека не можат да преземат ништо поради судските спорови.

— реклама —

„Како што знае цела македонска јавност, мојата мајка Есма остави два тестамента, коишто таканаречените Реџепови ги оспоруваат иако немаат вложено ниту една цигла да се изгради таа куќа, бидејќи целосно е направена од лични средства на Есма и Стево Теодосиевски, како и средства од сите нас, децата, кои одевме во училиште и работевме од мали нозе без никаков хонорар. Во тестаментите јасно се нагласува последната желба на Есма, а впрочем, тоа беше и желба на мојот професор Стево Теодосиевски, куќата да биде музеј за кој ќе се грижи државата, поточно Министерството за култура, кои се тестаментални наследници. За жал и голем срам, оваа власт не покажа грам почит кон делото на единствените уметници кои цел свој имот и долгогодишен труд го оставија на државата. Четири години сме заглавени во судски лавиринт и на никого не му е грижа. Додека трае целиот процес, внуците на Есма однесоа сè што беше вредно, сè што сме работеле толку години го фрлија во вода. Пријавено е во полиција, никој не реагира, едноставно немаат гајле. Исто така, морам да кажам дека истите тие Реџепови го оспоруваат и тестаментот за авторски права во кој јасно стои дека јас сум единствен наследник на сите авторски права. Имавме и средби со надлежните, но сè уште ништо не се презема. Последната средба беше со господинот Алаѓозовски, кој ни вети дека ќе го информира премиерот за целиот процес, но немаме никакви информации. Не знам до кога ќе бидеме во оваа голгота, апелирам до надлежните да бидат пред сè луѓе и да ги испочитуваат последните желби на Есма и Стево“, вели Атанасов, еден од синовите на Есма.

Текстот во целост на: „А1он“

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања