„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Четири лица осомничени дека ги палеле пожарите низ државава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pozar-staro-negoricane-03.08.2021

Денеска околу 15.10 часот, е лишено од слобода 32-годишно осомничено лице дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране. Лицето со иницијали Л.А. било од Република Албанија а илегално престојувало во земјава.Осомничениот за подметнување на пожарот е задржан на понатамошна постапка а го привеле  полициските службеници од одделението во с.Галате.

— реклама —

Полицијата има осомничено уште едно лице за пожарот во Старо Нагоричане за што полициските службеници веќе постапуваат во координација со Јавен обвинител.

МВР работи и на расчистување на случај во кој се осомничени две лица, за предизвикување пожар од поголеми размери пред село Блаце кон Катланово.Но, благодарение на брзата интервенција на полициска патрола и на екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, обидот е осуетен а со тоа е спречено распламтување на пожарот.

— реклама —

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели , граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време биле изложени на сонце и поради тоа можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување од страна на секој поединец.

Од МВР потсетуваат дека , предизвикувањето на пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години, зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања