Четири лица починале од грип минатата недела во земјава. Смртните случаи дури денеска ги објави ИЈЗ во неделниот извештај. Двајца од починатите се од Скопје, а по еден од Охрид и Тетово на возраст од 50 до 63 години.
Двајца пациенти починале на Инфективната клиника, а двајца во ГОБ 8 септември. Кај сите лабораториски бил потврден таканаречениот Свиснки грип.
Со новите 4 смртни случаи, за месец и половина од компликации од грип починаа 15 лица. Минатата недела во ИЈЗ биле пријавени околу 2.500 новозаболени. Епидемиолозите очекуваат висока активност на грипот и наредниот период.