Четири лица се убиени, а петмина се ранети кога рано изутрината во американскиот град, Канзас Сити, кога непознато лице со огнено оружје влегло во локален бар и почнало да пука кон присутните.
Според локалната полиција, во тек е потрагата по неидентификуван сторител, кој отворил оган кон гостите на угостителскиот објект под неутврдени околности.
Инцидентот се случил во 1 и 30 часот по локално време во „Текила КЦ бар“. Жртвите сè уште не се идентификувани.