„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Четири лица со закани изнудувале пари од скопјанец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Секторот за внатрешни работи - Единицата за насилен криминал поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје против К.П.(30) од Берово, со привремен престој во Скопје, А.С.(26) од с.  Грчец, Ј.Р.(26) од с. Грчец и Б.С.(21) од с.  Грчец поради основи на сомнение дека од Д.З.(67) од Скопје, изнудиле 10.000 евра, со што сториле кривично дело „изнуда“, предвидено и казниво по член 258 од КЗ. На кривичното дело претходела изнуда од страна на првопријавената, која во текот на 2016 година ангажирала други лица, кои со закани и уцени од оштетениот успеале да изнудат 50.000 евра.

— реклама —

Делото не било пријавено од оштетениот.

Но, на 10-ти овој месец Ј.Р. му се јавил на оштетниот и му рекол да дојде во кафе бар лоциран во трговски центар на булевар "Кирил и Методиј" во Скопје, каде истиот дошол заедно со А.С. и му рекле дека до 14-ти мора да им исплати 10.000 евра. По ова оштетниот случајот го пријавил во Единицата за насилен криминал и за истото е известен Јавен обвинител, по што оштетениот заминал на улица "Македонија" каде требало да се сретне со четворицата пријавени. На местото на настанот од слобода се лишени К.П. и А.С. додека Ј.Р. и Б.С.  се дале во бегство. Иситиот ден (14.12.) по наредба од Судија на претходна постапка извршени се претреси во дом и други простории кај три од пријавените лица при што се пронајдени предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривични дела и истите со потврда се одземени.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања