Четири можни сценарија по оставката на Заев, а со тоа и на целата Влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
zaev-filipce

Со оставката на Премиерот, според нашиот Устав во оставка е целата Влада, пишува професорката Мирјана Најчевска. Таа предвидува четири можни сценарија, откако премиерот Зоран Заев најави дека ќе ја депонира оставката.

— реклама —

„Оставката се поднесува до Собранието кое ја усвојува.

— реклама —

И тука се можни повеќе излезни решенија.

— реклама —

1. Досегашната владејачка коалиција има мнозинство во Собранието и Претседателот на државата и доделува нов мандат за формирање Влада.

Во овој случај СДСМ како најголема партија во коалицијата може да понуди свој кандидат или да се договори со коалиционите партнери за кандидат од нивните редови или независен експерт како кандидат.

2. Се формира нова мнозинска коалиција на која Претседателот и доделува мандат за формирање Влада.

3. Било која од мнозинските коалиции во Собранието поведува постапка за распуштање на Собранието и распишување предвремени избори.

4. Сите партии во Собранието се договараат за формирање на експертска Влада која ќе го доврши мандатот на претходната до наредните редовни избори“, напиша професорката.

vlada-sednica23

Оставката на Заев е оставка и за целата Влада, која е процедурата

Оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата повлекува оставка и на целата Влада односно министрите во неа. Ова го предвидува членот 93 од Уставот на Македонија. Таму стои: „Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајна спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата“. Според овие одредби од Уставот, освен избор на нов премиер, треба да се бира и нова Влада, од страна на мнозинството во Собранието.Бидејќи премиерот Заев кажа дека нема да има предвремени парламентарни избори, тоа значи дека новата Влада ќе се крои според гласањето во Собранието. Односно, мнозинството пратеници ќе ја состави новата Влада.Инаку, премиерот Зоран Заев ја поднесе оставката од премиерската и претседателската функција во СДСМ, поради, како што рече, лошите изборни резултати кои ги постигнале кандидатите на локалните избори. Ова од него го бараше и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања