Четири опомени за МЕПСО, следуваат ли санкции за Македонија?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
struja-2

Македонија во просек секој ден влече околу 4.500 мегават часови електрична енергија од Европската мрежа за струја, велат извори за Сител.

— реклама —

Ова МЕПСО го чини најмалку еден милион евра дневно. Според анализите сметката која ќе треба преносниот систем да ја плати за октомври ќе надмине 10 милиони евра. Поради големите количини кои се влечат од меѓународната мрежа, пред се заради недоволното домашно производство на ЕСМ и слабите акумулации, земјава доби нова, четврта по ред опомена од Европа. За оваа известени се сите надлежни институции. Поради ваквата состојба познавачите велат дека земјава може да се соочи со санкции.

— реклама —

Според експертите состојбата е алармантна, во системот недостасува струја, поради што се користи меѓународната мрежа.

— реклама —

– Оваа енергија се зема од европскиот систем и на крајот од месецот доаѓаат фактурите кои треба да се платат и треба да се знае колку тоа чини. Јавноста треба да знае колку струја недостасува и каква е состојбата со акумулациите и што ќе се прави во ноември и престојната зима – вели за Сител Сања Божиновска консултант по енергетика.

Состојбата стана уште поалармантна откако пред неколку дена пропадна тендерот со кој државата требаше да ги обезбеди потребните количини на јаглен за РЕК Битола. Увозот се прави главно да се обезбеди струја за стопанството. Затоа од бизнисот се надеваат дена навреме ќе пристигне јагленот во земјава.

Енергетичарите очекуваат стабилизација на енергетскиот сектор дури во втората половина следната година. Но дотогаш велат не чека тежок период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања