Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Четири пати помалку жртви во сообраќајот во март 2022, почна и нова превентивна кампања за безбедност на пешаците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-04-02-at-13.35.27

Минатата 2021 година е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првото тримесечие во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а од сега и Факултетот за безбедност од Скопје продолжуваат со активностите со цел подигање на нивото на сообраќајна култура и на тој начин намалување на бројот на жртви во сообраќајот, а денеска во Охрид беше организирана првата акција во склоп на кампањата „И јас и ти- сите сме пешаци! Безбедноста на прво место!“.

— реклама —

„Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност од Скопје, започнува со спроведување на кампања за подобрување на безбедноста на најмасовната и најранливата категорија учесници во сообраќајот - пешаците, под мотото „И јас и ти - сите сме пешаци! Безбедноста на прво место!“. Оваа кампања ќе се реализира неколку месеци при што ќе бидат опфатени голем број градови. Во кампањата ќе се стави акцент на причините поради кои пешаците страдаат во сообраќајни несреќи, ќе се потсетува на сообраќајните правила и прописи кои се однесуваат на пешаците, а постојано ќе се даваат препораки за однесување и на пешаците и на возачите затоа што безбедноста на пешаците и на возачите е заедничка грижа и треба заедно да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот“, рече претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска.

— реклама —

Помошникот на министерот за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски истакна дека благодарение на ваквите активности, се подига нивото на сообраќајна култура, а на тој начин се намалува бројот на жртви во сообраќајот.

„Им благодарам на нашите партнери од РСБСП, а секако задоволство ми е што во нашите активности се придружува и Факултетот за безбедност. Безбедноста во сообраќајот е одговорност на сите нас и сите заеднички мора да го подигаме нивото на сообраќајната култура. Токму како резултат на активностите што ги спроведуваме изминатите години евидентен е трендот на опаѓање на бројот на жртви во сообраќајот кој секоја година се намалува, но, се разбира, и една жртва за нас е многу, па затоа продолжуваме интензивно да работиме за уште повеќе да ја намалиме оваа бројка. Минатата 2021 година има 116 жртви и тоа е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првото тримесечие во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Во првите три месеци од 2022 година има 18 жртви, што е за 10 помалку споредено со истиот период лани, кога имало 28. Само во месец март 2022 година имаме четири жртви, а во март 2021 имало 16, што е бројка дури четири пати поголема од март 2022“, сооопшти Ангеловски.

— реклама —

На подрачјето на СВР Охрид во март 2022 година нема ниту една жртва, а во март 2021 година имало четири жртви.

— реклама —

„Покрај превентивните акции, продолжуваме и со засилените акциски контроли за санкционирање на оние учесници во сообраќајот што не ги почитуваат правилата. Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 144 возачи кои не пропуштиле пешаци на пешачки премин. Од нив 15 се на територија на СВР Охрид. Во првите три месеци од 2022 година санкционирани се 2298 возачи кои не дале првенство на минување на пешак, а санкционирани се и 2784 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните правила“, соопшти Ангеловски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

policija-policaec-35

За два дена двапати фатен „мртов пијан“ зад волан: Битолчанец возел со 3,23, па со 3,50 промили алкохол

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
uapsen

Скопјанец приведен во прилепско: Во автомобилот пронајдени македонски рубини, марихуана и над 489 илјади денари

Македонија | пред 14 часа

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Насилството во Македонија не стивнува: Девет пријави за физички напади во Скопје и Тетово

Македонија | пред 15 часа

media-libraryke6akhmugg4sd9syNXi

Судир на две возила на улицата „Борис Трајковски“, тешко повредена 76-годишна скопјанка

Македонија | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања