На 12.03.2022 околу 22.45 часот, на ул.„Карпош" во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Ж.С.(40) од тетовска Брвеница и А.С (28) од Скопје, затоа што кај Ж.С. била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Денеска (13.03.2022) околу 04.30 часот на ул.„Видое Смилевски-Бато" во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.М.(19), Б.К.(19) и С.И.(19), тројцата од Тетово. При нивен и преглед на возилото „тојота аиго", со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, а што го управувал М.М., била пронајдена марихуана. Тие се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе им бидат изготвени поднесоци.