Утрово четири возила се судрија кај Железничката станица во центарот на Скопје.
Околу осум часот на раскрсницата на булевар „Кочо Рацин“ со булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, пријавена е сообраќајна незгода помеѓу четири возила.
Полицијата во моментов врши увид. Нема пријавено повредени лица.