Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Четири земји напредуваат кон ЕУ, Македонија стои во место“, вели Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarysjk5kemche6553QKpMV

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на седницата на Националниот совет за евроинтеграции оцени дека Македонија заостанува на патот кон Европската Унија, додека другите земји кандидати бележат напредок во пристапниот процес.

— реклама —

Филипче посочи дека Европската Унија во последниот период јасно го ставила проширувањето меѓу своите приоритети и дека тоа, според него, се потврдува со конкретните чекори што ги презема кон земјите кандидати.

— реклама —

Тој истакна дека Албанија, Црна Гора, Молдавија и Украина веќе напредуваат во преговорите со Унијата, додека Македонија, како што рече, останува единствената земја кандидат која сè уште нема отворено ниту едно преговарачко поглавје.

„Секој ден гледаме како регионот оди напред. За жал, ние стоиме во место. Кога регионот оди напред, а ние не правиме ништо, тоа значи и назадување. Ќе дојде период кога повеќе нема да можеме да се споредуваме со никого, затоа што луѓето нема да ја гледаат својата иднина овде“, изјави Филипче.

— реклама —

Во своето обраќање тој повтори дека, според него, намерното запирање на европскиот пат отвора сериозни прашања за иднината на државата и додаде дека институциите на Европската Унија преку своите политики и финансиски одлуки јасно покажуваат дека проширувањето е еден од нивните клучни приоритети.

— реклама —

Филипче оцени дека доколку Македонија продолжи да стагнира, ризикува дополнително да заостане зад земјите од регионот и да ги пропушти можностите што ги нуди европскиот интегративен процес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 1 ден

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања