Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Четирикратно зголемен бројот на мандатни казни изречени од комуналните редари на Град Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
gradezen-otpad

Комуналните редари на Градот Скопје изминатиов период ги засилија контролите на терен што резултираше со зголемување на казните и опомените и видливи резултати, значително подобрени во однос на претходните години.

— реклама —

Така, во периодот јануари – мај 2019 година се изречени вкупно 649 мандатни казни, што претставува четирикратно зголемување на бројот на изречени казни во споредба со истиот период во 2018 година, кога биле изречени 149 мандатни казни.

Изречените мандатни казни се однесуваат на сторени прекршоци според Законот за јавна чистота, член 14, според кој се забранува фрлање и оставање градежен шут на јавните површини; фрлање и оставање различни видови отпадоци; оставање стари предмети од домаќинство; палење, закопување и уништување смет; продажба и излагање земјоделски и индустриски производи, освен на местата определени за таа намена; превоз на песок, земја, цемент, глина, земјоделско ѓубре, сено, отпад или слични материјали без претходна подготовка и поклопување на материјалите со поклопец; вклучување во сообраќај на моторни, влечни и запрежни возила од стоваришта или градилишта со валкани тркала; палење и уништување на садовите за собирање смет; уништување на урбаната и друга опрема (клупи, фонтани, билборди, опрема на детски игралишта) и друго.

— реклама —

Градот Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат и да не ја загадуваат животната средина, ѓубрето да го фрлаат исклучиво во контејнерите и корпите за отпадоци, да го чуваат зеленилото, прописно да паркираат и да ги почитуваат одредбите од Законот за јавна чистота.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања