Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Четворица обвинети за загрозување на сигурноста на полициски службеници, за инцидентот во хотелот „Александар Палас“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
pistol_001

По спроведената постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против четири лица за кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.3 во врска со ст.2 и ст.1, како и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Обвинетите, на 30.11.2019 година во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, заедно ја загрозиле сигурноста на 11 полициски службеници кои вршеле службено дејствие – легитимирање. Тие започнале вербална расправија со полицајците, упатувајќи им погрдни и заканувачки зборови кои содржеле сериозна директна закана дека ќе нападнат врз животот на полициските службеници и врз животот на нивните претпоставени. Обвинетите се јавувале телефонски кај нивни блиски лица и ги повикувале да дојдат во хотелот и да се пресметаат со оштетените. По извршеното легитимирање, оштетените си заминале од хотелот.

— реклама —

Спрема тројца од обвинетите се уште се активни мерките за претпазливост определени од судијата на претходна постапка на предлог на јавниот обвинител: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, обврска повремено да се јавуваат кај определено службено лице, како и забрана за приближување и за воспоставување комуникација со оштетените. Еден од обвинетите се уште не е достапен на државните органи. Обвинителството ќе одлучи какви мерки за обезбедување на неговото присуство да предложи откако тој ќе стане достапен на органите на прогонот.

— реклама —

Согласно Законот за кривична постапка, Министерството за внатрешни работи, откако ќе го утврди идентитетот на сторителите на кривичните дела и ќе обезбеди релевaнтни докази, поднесува кривична пријава до Основното јавно обвинителство, кое е надлежно да поведе кривична постапка. Во зависност од исполнетоста на законските основи, јавниот обвинител може да предложи мерки за обезбедување присуство на осомничените во текот на постапката, а по предлогот одлучува судијата на претходна постапка, како што беше постапено во конкретниот случај.

Во поглед на другиот кривично-правен настан кој следел во хотелот неколку часа по кривичното дело за кое сега е поднесено обвинение, се уште не е утврден идентитетот на сторителите кои со огнено оружје пукале кон сега обвинетите лица. Откако Министерството за внатрешни работи ќе ги идентификува сторителите и ќе приложи релевантни докази, Основното јавно обвинителство и во тој предмет ќе постапи согласно Законот за кривична постапка.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања