„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња

Четвртина од населението во земјава живее со помалку од 7.000 денари месечно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
133932341-192654

Скоро една четвртина од граѓаните во Македонија живеат во сиромаштија. Ова се најновите податоци на Државниот завод за статистика според кого лани 22,2% од населението живело во сиромаштија, односно со помалку од 7.000 денари месечен приход.

— реклама —

Од Македонска платформа за борба против сиромаштија велат дека оваа слика е очајна и бараат итна реакција на државата.

— реклама —

„Ние веќе подолго време инсистираме дека во Македонија недостигаат 2 клучни работи, да се гарантираат финансиската безбедност на граѓаните. Значии не социјална помош од 30 евра туку вистинска квалитетна поддршка и второ сет на услуги кои што ќе им помогнат во надминување на секојдневните предизвици. Значи во образованието не може да очекувате децата кои живеат во вонредни услови, во очајни услови, да покажуваат добри резултати на училиште. Затоа покрај финансиската поддршка за семејството потребно е да се има социјални услуги кои ќе подразбираат квалитетно образование“, истакна Билјана Дуковска, претседателка на Македонска платформа за борба против сиромаштија.

— реклама —

Исто така голем е процентот на населението кое живее малку над оваа граница од 7.000 денари месечен приход. Кои немаат воопшто квалитетен живот, но според статистика не се во графата на сиромаштија. Оваа состојба денеска беше претставена пред голем број НВО од Прилеп.

„Се надеваме дека преку ваквите работилници и консултации со НВО секторот ќе можат да се мобилизираат сите чинители во општетството за да го дадат својот придонес“, рече Соња Таневска, помошник претставник на канцеларија на Фондот за население на ОН.

За намалување на сиромаштијата особено било важно работењето на локално ниво и соработката со локалните институции и НВО секторот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања