„Додека градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски се расфрла со парите на граѓаните, цехот на неговото аздисување го плаќаат дечињата од основното образование“, реагира СДСМ.
Тие додаваат:
„Денеска, учениците во Основното училиште Стив Наумов во општина Гази Баба ќе го миинат училишниот ден без струја и со сув оброк.
Заради неспособноста и расипништвото на Стефковски стотина дечиња од ОУ Стив Наумов денеска ќе бидат без топол оброк и без елементарни услови за следење на наставата.
Стефковски како и останатите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ не работи во интерес на граѓаните, туку се грижи единствено за личните и партиските интереси“.