Промени тема
Контакт

Четири активни пожари во Македонија: Горe шума и ниска вегетација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library64vnuv8c02r09DiTpEw
Илустрација

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот денеска се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни, пет се ставени под контрола, а четири се целосно изгаснати.

— реклама —

Активни се пожарите во општина Струга, на потегот Буринец – Локов – Селце – Елевци, каде што гори високостеблеста шума; во општина Македонски Брод, кај селото Белица и месноста Кајорец, каде што е зафатена нискостеблеста и мешана шума; во општина Чучер-Сандево, кај селото Брест и месноста Рамно, каде што гори мешана шума, како и во општина Крива Паланка, кај селото Осиче, каде што е зафатена ниска вегетација.

— реклама —

Под контрола се пет пожари. Тие се регистрирани кај селото Бенче во Македонски Брод, во Тајмиште и Кнежино во општина Кичево, кај селото Грачани во општина Ѓорче Петров и на градската депонија во Делчево.

— реклама —

Во текот на денот се изгаснати четири пожари – кај дивата депонија во Враништа и депонијата во Радолишта во општина Струга, во населбата Перо Чичо во Куманово и на локалитетот Железни Мост во општина Карпош.

— реклама —

Надлежните служби продолжуваат со следење на состојбата и интервенирање на местата каде што пожарите сè уште се активни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Пожар под Раштак, гори сува трева и нискостеблеста шума

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Два активни пожари на отворен простор во Гази Баба и Прилеп

Македонија | пред 6 дена

media-libraryisjjiuquqadp1LZJaat

Гори плац со хаварисани возила во Тетово, густ чад се шири во околината

Македонија | пред 1 седмица

media-library2s8eoel3q0v59rmnTwF

Денеска регистрирани 19 пожари на отворено, активни се уште 10

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања