Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Четворица лишени од слобода во Тетово, полицијата пронашла дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library152ihem7tg9ueVgKyF8
Илустрација

На подрачјето на Тетово и околните населени места, во текот на ноќта биле лишени од слобода четири лица кај кои полициски службеници пронашле марихуана и различни прашкасти материи, соопшти МВР.

— реклама —

На 11 септември во 20:45 часот, во село Боговиње, полициски службеници сопреле автомобил „голф“ управуван од 24-годишниот А.Д. од село Челопек. При прегледот кај него била пронајдена и одземена марихуана, по што бил лишен од слобода.

— реклама —

Два часа подоцна, во 22:00 часот, во Тетово бил лишен од слобода 44-годишниот Л.П. од Тетово. При прегледот кај него била пронајдена најлонска кесичка со кафеава прашкаста материја.

Во 23:20 часот, пред угостителски објект во село Боговиње, полицијата го лишила од слобода и 32-годишниот Н.С. од село Здуње, кој управувал автомобил „бмв“ со швајцарски регистарски ознаки. При прегледот кај него била пронајдена кесичка со бела прашкаста материја.

— реклама —

Последниот случај бил регистриран во Тетово на 12 септември во 00:40 часот. Полициски службеници го лишиле од слобода 21-годишниот Т.Ј. од село Бозовце, кај кого била пронајдена и одземена марихуана.

— реклама —

Четворицата се задржани во полициска станица. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye7sj9fb0s3focEaZRIR

Украле сребрен накит од стан во Битола, двајца приведени, по третиот се трага

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryrc01d8mtb6rs8s030NI

Нудел помош при подигнување пари од банкомат, па им крадел дел од парите

Македонија | пред 7 часа

media-librarys3rfga96lgp32DW9EYn

Петмина возачи приведени за безобѕирно управување, тројца возеле без возачка дозвола

Македонија | пред 7 часа

media-librarypkffqec7e2am1lN7wc5

21-годишник тешко повреден откако со автомобил удрил во бандера кај Велешта

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања