Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Четворица повредени во Виница: Со 1,82 промили алкохол учествувал во несреќа во Виница, па избегал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library5mat1j9e5tg648eq87S
Скопје1.мк

Возач на возраст од 24 години, кој учествувал во сообраќајна несреќа во Виница, го напуштил местото на настанот, по што полицијата го пронашла и го уапсила. При проверката било утврдено дека управувал автомобил со 1,82 промили алкохол во крвта. Во несреќата биле повредени четири лица, од кои едно се здобило со тешки телесни повреди.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 22 октомври, околу 20:45 часот, на крстосницата меѓу улиците „Маршал Тито“ и „Ленинова“ во Виница.

Во судирот учествувале два автомобили „ауди“ со винички регистарски ознаки. Едниот бил управуван од Д.П. (42) од Виница, а другиот од П.П. (24) од селото Лески, Виничко, кој по несреќата го напуштил местото.

— реклама —

Со тешки телесни повреди се здобил Ј.П. (58) од Виница, кој бил сопатник во автомобилот управуван од 42-годишниот возач. Телесни повреди добиле и возачот Д.П., како и сопатниците И.П. (39) и Е.П. (54).

— реклама —

Повредите биле констатирани во Итната медицинска помош во Кочани и во Клиничката болница во Штип.

По преземените мерки, полициските службеници го пронашле 24-годишниот возач и го лишиле од слобода. При извршените проверки било утврдено дека возилото го управувал под дејство на алкохол, со измерени 1,82 промили алкохол во крвта.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Виница, а од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случајот против П.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

pari

Ѝ зел 117.000 денари претставувајќи се како вработен во Катастар – скопјанка открила во полиција како била измамена

Македонија | пред 54 минути

— реклама —
media-library3hotuv4ck15d0VuvNGT

Ја нападнал 16-годишната девојка, па насилно ја внел во автомобил – уапсен 20-годишник во Велес

Македонија | пред 58 минути

media-libraryuogkcvbmgo5mcNTiJCk

(Видео) Маж пронајден мртов со траги на насилство во дом во Ѓорче Петров

Скопје | пред 1 час

media-librarys7jdl9b7ps7j3SSg3my

Повреден човек чекал Брза помош, но екипа не била испратена – кривични пријави за двајца вработени

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања