Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Четворица возачи уапсени: учествувале во сообраќајни незгоди, возеле пијани, без дозвола или со забрана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 31 минута -

Македонија
media-librarytljvsfk8b6jm7xCIUCF

Четворица возачи биле лишени од слобода во Тетово и Тетовско по учество во сообраќајни незгоди, при што полициските проверки откриле дека дел од нив управувале под дејство на алкохол, без возачка дозвола или и покрај активна забрана.

— реклама —

Според информациите од МВР, на 28 ноември во Тетово бил приведен 44-годишен возач кој со автомобил „шкода“ учествувал во сообраќајна незгода со телесни повреди. Кај него биле измерени 1,92 промили алкохол во крвта, а истовремено имал и активна забрана за управување со возило од Б-категорија.

— реклама —

Истиот ден, на регионалниот пат Скопје–Тетово, полицијата привела 30-годишен жител на селото Церово, кој по сообраќајна незгода со повредени лица бил затекнат како управува со возило без возачка дозвола.

— реклама —

Во раните утрински часови на 29 ноември, во селото Желино, биле приведени уште двајца возачи кои учествувале во сообраќајна незгода. Кај 22-годишниот жител на Ларце било утврдено дека управувал со возило и покрај активната забрана, додека кај 49-годишниот жител на Сараќино биле измерени 1,94 промили алкохол во крвта.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите против четворицата ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryson3j741kl6g4HIeujs

Руски државјанки со забрана за влез во државата затекнати во кабаре во Охрид

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-libraryt99h4t306e1u5cc8a0J

Четири случаи на семејно насилство: Татко го нападнал синот со метален предмет, жртви и брат, дете и 19-годишна девојка

Македонија | пред 23 часа

media-library9bmtdpdg3r2l4VgftKa

Две малолетнички нападнале 12-годишно девојче во соблекувална во спортска сала во Илинден

Македонија | пред 1 ден

media-libraryc8de35nm46466F8a66x

Врсничко насилство во основно училиште во Скопје: двајца малолетници нападнале врсник, трет снимал

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања