Во организација на Македонско - американската алумни асоцијација (МААА) во Македонската филхармонија вчера се одржа голем добротворен концерт на американска музика под наслов „Christmas in New York“ во изведба на Биг бендот на Здружението на џез музичари под диригентската палка на Џијан Емин. Како солисти настапија Ирина Карамарковиќ од Грац, Австрија и Џон Илија Апелгрин.
Пред преполната сала на Филхармонијата беше доделена и Годишната награда на МААА на проф. д-р Билјана Секуловска – Габер, учесник на програмата Фулбрајт во учебната 1978/79 година, за нејзините заслуги за унапредување на македонско – американските односи.
Наградата ја врачи претседателот на МААА, проф. д-р Мишо Докмановиќ.
