Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Чупеска бара одговори од безбедносните служби за случајот со Алта банка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 59 минути -

Коментари
media-library5stgsih1rtbedllZtkN

Ана Чупеска упати десет прашања до Агенцијата за разузнавање (АР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во врска со случајот со Алта банка, барајќи одговори за евентуалната вклученост на безбедносните служби и нивното постапување пред влезот на банката во Македонија.

— реклама —

Во објава на социјалните мрежи, Чупеска прашува дали Агенцијата за разузнавање навреме предупредила за можните опасности од влезот на банката, дали ги информирала претседателот, претседателот на Собранието, премиерот, министерот за финансии и гувернерот, како и дали собрала информации за сопственичката структура и лицата поврзани со банката.

— реклама —

Од Агенцијата за национална безбедност бара одговор дали изработила процена за можните негативни влијанија врз банкарскиот и финансискиот систем, дали ги проверила лицата што влегле во управните и надзорните органи и дали за тоа го информирала државниот врв. Таа прашува и дали биле побарани или разменети информации со земјите членки на НАТО.

— реклама —

Чупеска отвора и прашања за тоа дали безбедносните служби навреме предупредиле, дали државниот врв свесно дозволил влез на банката и дали институциите ја извршиле својата законска задача или биле под политичка контрола.

— реклама —

„Овие прашања мора да се одговорат! Овие прашања се за нивните законски надлежности! Демократијата не подразбира молчење кога темелите на економската сигурност се разнишани“, наведува Чупеска, барајќи одговори од надлежните институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5s437ig3f0og45s66ck

Бојковска за Алта банка: Најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и финансиската стабилност

Македонија | пред 15 минути

— реклама —
media-library46qqetpnqck9fx96SOr

(Видео) „Дали власта давала инструкции јавни пари да се насочуваат кон Алта банка?“: Битиќи до Кочоска

Македонија | пред 3 часа

media-libraryamgtetgioof9eKJzmrV

„Мицкоски брутално лажеше, Владата на СДСМ не дала дозвола за откупување на акции од Алта“: Филипче покажа документи од 2023 година за Алта банка

Македонија | пред 5 часа

media-library31b5tu89ga0kfshDqlp

Мицкоски до Крмов: Доколку не знаете како да помогнете за Алта Банка, немојте да одмагате со гласини – оставете на тие што знаат и што сакаат да помогнат

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања