Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Чупиќ од Охрид: Балканот ги даде Делчев, Његош, Андриќ, Крлежа и Кадаре

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 58 минути -

Македонија
media-libraryd9gjmdkr5mlb01LMiET

Балканот има значајно културно, научно и историско наследство што може да биде основа за посилна регионална соработка, порача вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ, на самитот на лидерите на Процесот Брдо-Бриони во Охрид.

Тој истакна дека надворешната политика на Србија ќе остане урамнотежена, предвидлива и доследна, нагласувајќи ја потребата од соработка, но и заштита на државните и националните интереси.

— реклама —

„Овој регион ги даде Делчев, Његош, Прешерн, Андриќ, Селимовиќ, Крлежа и Кадаре, а балканската почва ги роди Тесла, Пупин и Руѓер Бошковиќ. Имаме што да си понудиме едни на други, на Европа и на светот“, рече Чупиќ.

— реклама —

Тој посебно ја нагласи потребата младите да бидат вклучени во политичките процеси, оценувајќи дека без нивно учество тешко може да се очекува да останат и да ја градат својата иднина во регионот.

За време на самитот, претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, оствари средба со Чупиќ, на која го истакна значењето на политичкиот дијалог и меѓусебното почитување во решавањето на отворените регионални прашања.

— реклама —

Таа изрази уверување дека традиционалното пријателство меѓу македонскиот и српскиот народ ќе придонесе за натамошно унапредување на соработката во образованието, науката, економијата, културата, туризмот и дигитализацијата.

— реклама —

Сиљановска-Давкова соопшти и дека Чупиќ ја поддржал нејзината идеја за поголемо вклучување на младите во средбите на регионалните лидери.

media-libraryr1l5l3bcnocc24Ama3Y

Чупиќ од Охрид: Очекувам формирање на новата Влада на Србија во разумен рок

Вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ, од самитот на лидерите во рамките на процесот Брдо-Бриони, што се одржува во Охрид, изјави дека очекува новата српска Влада да биде формирана во разумен рок, по што ќе бидат објавени нејзините планови и програма.Тој посочи дека во моментов не е овластен да ги открива деталите за надворешната политика на Србија, но нагласи дека таа ќе остане урамнотежена, предвидлива и доследна.Чупиќ истакна дека земјите од регионот имаат потреба од

Балкан | пред 2 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања