ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

Чии раце завршија во новогодишниот „мед“ од 33 илјади евра, прашува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
Mucunski

Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ потрошија 2 милиони денари (33 илјади евра) пари на граѓаните на Аеродром за културни манифестации во крајно сомнителни околности, вели центар за комуникации и односи со јавноста на ОО СДСМ Аеродром.

— реклама —

„Советот на Општина Аеродром одобри 1,2 милиони денари за организација на музичките фестивали Базарфест и Винодром кои овој викенд се одржуваат под мотото „Подари среќа“. Додека 800 илјади денари беа одобрени за организација на лошо организираниот и слабо посетен Дромфест кој се одржа минатиот викенд.

— реклама —

На последната седница на Советот на Општина Аеродром ниту Муцунски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не дадоа одговори на прашањата поставени од советничката група на СДСМ и коалицијата, додека советниците од Левица потврдија дека активно се вклучиле во организацијата на Дромфест.

— реклама —

Го повикуваме Муцунски пред граѓаните на Аеродром да одговори на следните прашања:

Зошто 1,2 милиони денари се доделија на здружение со назив Еквилибриум-Скопје кое до пред само 2 недели било регистрирано со дејност „поддршка и развој на спортот“? Зошто на спортско здружение му се даваат 20 илјади евра, да организира 2 големи музички фестивали (Винодром и Базарфест) за само 2 дена?

Зошто музичкиот фестивал Дромфест за кој се потрошија 800 илјади денари беше организиран од Здружение за ракотворби Домаќинки на Македонија? Какво искуство има здружението за ракотворби со организацијата на музички фестивали?

Зошто документацијата за апликациите на јавниот оглас не е дадена на увид на Советот? Дали се плашеа дека ќе откриеме дека Крафт продукција и маркетинг агенцијата Идеа Лаб стојат позади здруженијата на домаќинките и спортистите кои се јавуваат во улога на организатори? Или дека ќе излезе на виделина дека токму Крафт продукција и Идеа Лаб ги организираа Пиволенд и ред други настани за Град Скопје со градоначалниците Данела Арсовска и Коце Трајановски?

Каква е улогата на советниците на Левица во организацијата на музичкиот дел на Дромфест?

Муцунски потроши година дена на фалење дека ги скратил непродуктивните трошоци во Општина Аеродром, а за 2 недели потроши 2 милиони денари на лошо организирани и слабо посетени културни манифестации.

Дополнително, мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Аеродром со целосен молк го игнорираше барањето на СДСМ овие средства да се префрлат за следната година со цел навремено да се распише јавен повик на кој ќе се изберат здруженија со искуство во организација на музички фестивали.

Ваквиот однос на Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ кон трошењето на парите на граѓаните на Аеродром уште еднаш го отвори прашањето дали повторно нечии раце се во медот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања