Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Циклонот Ален се поблиску до Македонија - очекувајте голема промена на времето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Од петок Балканот ќе започне да го зафаќа најавениот циклон Ален кој најпрво ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд додека локално се очекуваат и поинтензивни атмосфераски процеси во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења како и појава на град.

Во текот на ноќта пак сабота кон недела ќе дојде до спуштање на значителено постуден воздух од север со што во регионот повторно се очекуваат нови врнежи од снег на повисоките места и на планините каде ќе дојде до формирање на нова снежна покривка, снежната граница дури има услови да се спушти понекаде и на помала надморска височина и тоа особено во Словенија и во Босна а температурите значително ќе опаднат со што на самиот почеток од следната недела на балканот има опасност од појава на мраз кој многу лошо ќе влијае врз земјоделието и земјоделските култури.

— реклама —

Исто така за време на овој циклон ширум регионот се очекува и позначително количество на воден талог со што понекаде може да дојде и до локални поплавувања.

Во Македонија пак Ален ќе стигне исто така за време на викендот и ќе услови врнежи од дожд кој локално ќе бидат поинтензивни и проследени со грмежи а ќе започне да дува и јужен ветер. Во текот на ноќта понеделник кон вторник поради продор на значително постуден воздух од север ќе дојде до значителен пад на температурите а сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец, поради падот на температурите на планините врнежите од дожд ќе поминат во врнежи од снег.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања